Во светот на шоубизнисот како бомба одекна веста дека американскиот рапер Фифти Сент банкротирал. Еден Хрват толку многу се вознемирил од оваа информација, што решил да му упати отворено писмо на раперот.На Фејсбук профилот на извесен Јадранко Ходат од Хрватска, се појави статус кој за многу кратко време собра голем број допаѓања и споделувања.
Драматичноста на статусот и јавното искажување на емоции, покажуваат колку овој Хрват бил погоден од веста, а во продолжение може да го прочитате неговото обраќање до американскиот рапер…
„Мил мој пријателе, 50 Cent. Читам денес, пишуваат дека си банкротирал. Тоа многу ме вознемири. Беше и во дневникот, веднаш по прилогот за БиХ. Не знам што да речам…еве солза по солза ми се тркалаат, а јас ги бришам со јазикот, не давам да капнат од образите. И се јавив на мајка ми во Лика, да и кажам за тебе. Веднаш по гласот ме позна дека не нешто не е во ред…ме праша “Синко…што се случило!?“…јас и кажав да седне… а тогаш..кажав…„Мајко Фифти Сент банкротираше“. Тишината беше мачна. Траеше неколку секунди, а за мене беше како цела вечност…а тогаш ја слушнав мајка ми како липта и ме прашува Синко, кажи ми дека лажеш?!?!…кажав, Не лажам мајко, вистина е!…2 часа заедно плачевме. Мајка ми вика: Се сеќавам како денес да беше како го носи златниот синџир од 9 килограми околу вратот!.. а јас ја гризам перницата, плачам, врескам, само мајка ми да не ме чуе и ја слушам како низ солзи зборува: Како сега да го гледам, капчето накосено, шорцевите на пола задник, поткошула….лелееееееее!!!!…па повторно солзи. Ноќеска нема да можам око да затворам не сакам…не сакам и не можам. Мајка ми и јас се договоривме, таа ќе ти ја проследи целата следна пензија, а јас се одрекнува од месечните примања од биро. Тоа се заедно ќе биде околу 300 евра. Знам дека тоа не ти е доволно ниту да вградиш златен заб, двојка горе десно, но е од нас…од срце! Одам сега…немам повеќе сила.“
На Фејсбук профилот на извесен Јадранко Ходат од Хрватска, се појави статус кој за многу кратко време собра голем број допаѓања и споделувања.


