Поминаа скоро две години одткако на Аврил Лавињ (30) и била дијагностицирана лајмска болест и тоа во демекври 2013 година.Канадската пејачка во Good Morning America, за прв пат пред камерите говорела за здравствената состојба и болеста која и го слабее имунитетот.
„На половина пат од третманот сум и се чувствувам многу подобро“, рекла познатата пејачка и во солзи додала дека „гледа голем напредок и дека е многу благодарна бидејќи знае дека ќе оздраве целосно“.
„Буквално бев прикована за креветот до октомври минатата година“, објаснува таа.
„Многумина ми велеа дека страдам од хороничен замор или зошто не станам од кревет, тоа е како да ми велат „дали сте во депресија“. Така беше скоро месец дена“.
Аврил ги посетила најдобрите доктори, но морало да поминат околу два месеци за да се открие дека се работи за лајмска болест.+
„Веднаш отидов на доктор, крвната слика ми беше во ред, и не можеа да сфатат што не е во ред со мене.
Посетив и други доктори и почнав сама да им поставувам прашања “Дали имам лајмска болест? Знам дека имам. Можете ли да проверите?“, а потоа сфатив дека треба да посетам специјалист за лајмска болест.
После осум месеци потрага по одговори за нејзиното здравје и паника, Аврил конечно го пронашла вистинскиот доктор.
Семејството и фановите и биле најголема поддршка и многу им е благодарна на тоа.
Нејзината одлука да оди во јавноста со оваа дијагноза е поради сите оние луѓе кои страдаат од неа, се со цел да им помогне.
„Има неадеж. Лајмската болест постои. Но можете да оздравете“, рекла Аврил самоуверено.
Аврил го обележала своето враќање на сцената со објавување на нов сингл на серемонијата за отворање на специјалната олимпијада во Лос Анџелес.
Канадската пејачка во Good Morning America, за прв пат пред камерите говорела за здравствената состојба и болеста која и го слабее имунитетот.



