Пејач се откажа од ќерката и синот: Тие за мене се мртви!

Бил Хадсон, татко на актерите Кејт Хадсон и Оливер Хадсон, јавно се откажа од своите деца и изјави дека не ги сака во својот живот. Пејачот и актер, кој ги добил Оливер и Кејт од бракот со Голди Хон, бурно изреагирал на нивните изјави на социјалните мрежи со повод Денот на таткото минатата недела.Да потсетиме, Кејт и Оливер се во лоши односи со својот биолошки татко, кој ја оставил нивната мајка во 1980 година. Голди по три години започнала врска со Курт Расел, кој нејзините деца го прифатиле како татко.
На минатонеделниот Ден на татковците, Оливер објавил фотографија со сестра му и татко им и напишал: „Среќен ден на оставањето“.

Потоа објавил фотографија со очувот Расел, на кому му порачал: „Среќен ден на татковците, тато“.

Слична порака објавила и неговата сестра, а тоа го рзбеснало Бил.
„Никогаш повеќе не сакам да ги видам своите најстари деца. Готово е“, порачал тој во изјава за Дејли Меил.
„Имам пет деца вклучувајќи и три од втората врска. Но сега се сметам за татко на три деца. Оливер и Кејт не ги препознавам како свои деца. Сакам да ги замолам да престанат да го користат презимето Хадсон. Повеќе не се дел од мојот живот. Објавата на Оливер беше подмолен и малициозен напад со предумисла. Тој за мене е сега мртов, како и Кејт“, рекол тој.
Додал дека од својот дом ги исфрлил сите фотографии од Оливер и Кејт.
„Таа сака да биде ќерка на Курт. Тогаш нека го земе неговото презиме и нека престане да го користи моето“, порачал за крај.Да потсетиме, Кејт и Оливер се во лоши односи со својот биолошки татко, кој ја оставил нивната мајка во 1980 година. Голди по три години започнала

Пронајдете не на следниве мрежи: