Фестивалот Златни Денови Кратово, годинава дефинитивно покажува дека оваа манифестација станува сериозен конкурент на останатите фестивали, барем што се однесува на добрата забава и програма.Второто издание содржи програма наменета за сите возрасти и вкусови, а синоќешната вечер беше посветена на легендарниот македонски народен пејач Јонче Христовски.
Вечерта ја отворија изведбите на доајените на македонската народна музика: Виолета Томовска, Мите Јорданов, Блага Петреска, Атина Апостолова и Ефто Пупиноски.
Покрај изведбата на нивните познати песни, тие ја угостија публиката со заедничка изведба на песната “Едно име имаме” на Јонче Христовски и успеаја да ги разбудат и најдлабоките чувства кај присутните.
Атмосферата ја одржаа и Куку Леле, по кои следеа Ива, Давид Темелков, Боби Мојсоски, 9 Control. Како шлаг на вечерта настапи Даниел Кајмакоски кој стави точка на успешната прва вечер од второто издание на Златни Денови.
Вечерта за најупорните и најиздржливите продолжи на кратовскиот базен, кадешто младите уживаа во добрата забава.
Второто издание содржи програма наменета за сите возрасти и вкусови, а синоќешната вечер беше посветена на легендарниот македонски народен пејач Јо



