Тажна вистина за Боби Кристина: Момчето толку ја тепало што паднала во кома

Несреќната ќерка на Витни Хјустон е пронајдена  без свест во када неколку часа по  жолчната расправија со момчето, Ник Гордон.„Боби Кристина сега е тргната од апарати и оставена во божји раце“, вели  нејзината тетка Пет Хјустон.
И додека продолжува самостојно да се бори за живот, на виделина испливале некои нови детали од несреќата која ја довела до кома. Ник Гордон наводно толку многу ја тепал што таа паднала во кома, вели нејзиниот адвокат.
Беделија Хардов, адвокат на семејството Хјустон, го тужела Гордон  поради  психичко малтретирање на Боби Кристина, но изнела и тврдења кои го шокирале светот. Гордон наводно бил толку лош кон Боби што таа одлучила да се најде со еден пријател и да му раскаже за тоа каква тортура трпи дома.
Но никогаш  не се појавила на тој состанок. Наместо тоа, најдена е без свест, во када и завршила на апарати за одржување во живот. Адвокатот тврди дека за се е крив Гордон, со кого живеела Боби.
„Непосредно пред 31-ви јануари 2015 година, Боби му се доверила на еден пријател за тоа како Гордон се однесуа кон неа, а на 31-ви јануари требало да се најде со тој пријател и детално да му раскаже се. Браун, сепак никогаш не стигнала на тој состанок.

 
Наместо тоа, наутро на 31-ви јануари  жестоко се скарала со момчето во нивната куќа. Бучната расправија завршила така што Браун подоцна била пронајдена без свест, со лицето надолу во кадата, со отечени усни и без еден заб“, наведео е во тужбата.
Адвокатката понатаму наведува дека Гордон не застанал само на тепањето, туку продолжил да ја подкрадува и кога завршила во болница. До сега зел околу 11.000 долари.

Ова, наводно  не е прв пат Гордон физички да ја напаѓа девојката со која  долго време живеел. Во тужбата е наведено дека тој ја „удирал во лицето, ѝ извадил заб и ја влечел по скалите“.
Тој наводно лажно се претставувал како сопруг на Боби за да може да има пристап до парите уште во 2014 година, а адвокатката бара одштета  од најмалку 10 милиони долари.„Боби Кристина сега е тргната од апарати и оставена во божји раце“, вели  нејзината тетка Пет Хјустон.
И додека продолжува

Пронајдете не на следниве мрежи: