Емоции низ танц во новиот спот на Елена Миленковска „Сѐ што имав јас“

Елена Миленковска го промовира спотот за најновата песна под наслов „Сѐ што имав јас“, чиј комплетен автор е хитмејкерот Роберт Билбилов. Видео записот на продукцијата “Storyteller” привлекува внимание пред сѐ поради инспиративната кореографија која изразува бура од емоции. Заедно со Елена танцува Мишо Спасовски од ТСК „Прима Данца“, кој ја осмисли кореографијата.Според Билбилов, приказната е за девојка која направила грешка и не знае како да му каже на своето момче, се прашува дали да му признае или не, плашејќи се дека ќе го изгуби засекогаш човекот што го сака.
Режисерот Иван Ѓорѓиевски вели: „Идејата за спотот беше на Елена, од мене се очекуваше да ја реализирам пред камера. Во кореографијата дадов само неколку сугестии за одредени моменти. Се снимаше цел ден во хангар од поранешна фабрика, заради тоа што изгледаше најсоосдветно за кореографијата и костимографијата. На сет дадовме сѐ од себе, па можевте да ме видите мене со џогер, а снимателот со кофа, се во интерес на времето. Снимањето беше забавно и морам да ги пофалам Елена и Мишо кои беа неуморни и покрај тоа што беа со часови валкани и водени. За „Сторителер“ работата на овој спот беше суперинтересно искуство, зашто ни е прв спот со ваков тип на кореографија.“
Кореографот Мишо Спасовски изјави: „Бев инспириран од песната од првиот момент кога ја слушнав и направив оригинална кореографија, во која всушност Елена и јас низ движења ги изразуваме агресивните и љубовни емоции. Двата лика во спотот се сакаат и се мразат, се зближуваат и оддалечуваат. Вежбавме со Елена три недели скоро секој ден по неколку часа, таа веднаш влезе во приказната и се посвети на кореографијата максимално. Драго ми е што соработував со Елена и „Сторителер“, кои се навистина врвна професионална екипа.“
„За мене ова беше нешто сосема ново, првпат учев ваква тешка кореографија, но Мишо многу ми помогна. Ми беше најнапорно снимање досега и на крајот завршив во болница на преглед на ногата која ја повредив играјќи. Што се однесува до интерпретацијата, песната ја донесов емотивно, зашто ме заинтригира приказната. Стиховите ќе допрат до секоја девојка која била во слична ситуација, да направи грешка за која многу се кае. Ова ми е еден од најдобрите проекти, му благодарам на целиот тим кој одлично работеше, како и на Тамара Стерјова, со која соработувам успешно подолго време и која го стилизираше нашиот изглед. На крајот, спотот излезе дури и подобар од она што го очекував“ – вели Елена Миленковска.
Режисер на видео записот за „Сѐ што имав јас“ е Иван Ѓорѓиевски, снимател е Илија Жоговски, монтажата е на Филип Пауновски, а продуцент е Александар Пауновски.
Според Билбилов, приказната е за девојка која направила грешка и не знае како да му каже на своето момче, се прашува дали да му признае или не, пла

Пронајдете не на следниве мрежи: