РОМАНТИЧНО: Еве како момчето ја побарало водителката на „X-Фактор“ за жена

Водителката на „Икс-фактор“ Антонија Блаче, овие денови се подготвува за нејзината свадба со долгогодишниот партнер, ватерполистот Хрвоје Блерчиќ.Триесет и петгодишната Антонија и три години помладиот Хрвоје се заедно веќе шест години, а верени се четири.
Хрватскиот ватерполист ја запросил својата сакана на незаборавен и романтичен начин. Додека уживале на брод со своето друштво, од брегот почнале да свират трубачи, а над водата бил спуштен голем натпис:
„Биди мојот единствен порок“.
– Долго сме заедно и едноставно чекавме сите коцки да се поклопат – вели водителката во интервју за хрватски „Т-портал“.
Двојката одлучи свадбата да се организира овој викенд, и немаат посебни барања, само гостите да бидат опуштени, свадбата да биде весела и сите да се забавуваат.
– Тајната на успехот, не само во бракот, туку и во животот е да не се драматизира премногу, да не се ставаш себеси пред партнерот и да не се истакнуваш како поважната личност. Не треба да се комплицираат работите – вели таа.
Колку се држи до своето животно мото, потврдува и со тоа што се уште не ја одбрала венчаницата.Триесет и петгодишната Антонија и три години помладиот Хрвоје се заедно веќе шест години, а верени се четири.
Хрватскиот

Пронајдете не на следниве мрежи: