Завчера, во семејната куќа во Ладисполи, покрај Рим, почина италијанската актерка Лаура Антонели (73). Нејзиното мртво тело на подот го открила куќната помошничка и веднаш повикала полиција и брза помош. Тие само можеле да ја констатираат нејзината смрт.Лаура Антонели е родена во Пула 1941 година, а откако снимала рекламни филмови, својот прв долгометражен филм „Le malizie de Venere“ го снимила во 1969 година, но тој бил блокиран поради цензура.
Година дена подоцна, таа го снимила филмот „Merlo maschio“, а со филмот „Malizia“ (1973) таа се проби кон славата. Тој филм за година дена инкасирал седум милијарди лири.
Во текот на кариерата, таа снимала филмови со познати режисери и актери, како на пример со Лучино Висконти, Жан Пол Белмондо, Џанкарло Џанини, Алберто Сорди…
Нејзиниот живот бил обележан во 1991 година, кога во нејзината вила во Черветери, покрај Рим, биле пронајдени неколку вреќички кокаин. По судските процеси коишто траеле девет години, таа била ослободена, а во 2006 година државата ѝ платила обесштетување.
Но, актерката паднала во депресија по неуспешната естетска операција на лицето.
Лаура Антонели е родена во Пула 1941 година, а откако снимала рекламни филмови, својот прв долгометражен филм „Le malizie de Venere“ го



