Видео: СПЕКТАКЛ, ДОЖД и „Загреб добро вече“ – Еве како Роби Вилијамс ја поздрави публиката во Белград

Спектакл и дожд на Ушче во Белград, тоа се двата збора кои го опишуваат синоќешниот концерт на големата светска ѕвезда Роби Вилијамс.33.000 фанови од Србија, но и регионот одлично се забавуваа и покрај досадниот дожд, и ова дефинитивно ќе биде хајлајт настан во животот на многумина.
Грешката која ја направи Роби поздравувајќи ги белграѓани со „Загреб добро вече“ не ги спречи обожавателите веднаш да почнат да се журкаат уште со првата песна „Let Me Entertain You”.
А Роби на висина на задачата, со очила за сонце, изблајхана коса и полн со енергија навистина прекрасно ги забави сите кои вчера беа дел од овој спектакл. Во стил на голем забавувач неколку пари слезе во публиката за да направи селфи со нив.
Од Македонија во Белград вчера отпатуваа десетици автобуси и приватни возила со голем број вистински фанови и љубители на големи настани.
Пред Роби настапија Бојана Стаменов, Боби Мојсовски и пријателите финалисти на Х Фактор и момчињата од составот „2 Cellos”.
Во секој случај и покрај дождот ова ќе биде настан за паметење на сите оние кои вчера беа на белградско Ушќе.
Еве како Роби ги поздрави белграѓани со „Загреб добро вече“:

33.000 фанови од Србија, но и регионот одлично се забавуваа и покрај досадниот дожд, и ова дефинитивно ќе биде хајлајт настан во животот на многуми

Пронајдете не на следниве мрежи: