Познат е победникот на Макфест за 2015 година!

Годинешното 30. јубилејно издание на Макфест, го одбележа победата на Бојана Атанасовска и песната „Диви цветови“.Како второпласиран заврши Панче Илиев и композицијата „Кој што ме чуе да пејам“, а на третата позиција е Евгенија Чанчалова со песната „Миг до вечноста“.
„Штип ви благодарам многу. Ми значи оваа победа“, рече Атанасовска веднаш по прогласувањето.
За разлика од минатата година, фондот на наградите е преполовен, односно сумите изнесуваат 10 илјади евра за првото, 7 илјади евра за второто и 5 илјади евра за третото место.
 Како второпласиран заврши Панче Илиев и композицијата „Кој што ме чуе да пејам“, а на третата позиција е Евгенија Чанчалова со песната

Пронајдете не на следниве мрежи: