Грчки воен хеликиптер од типот „апачи“ се урна утрово во морските води источно од Халкидики. Двајцата пилоти кои управувале со хеликоптерот се спасени и надвор од животна опасност, пишува Република.Инцидентот се случил за време на воена вежба во близина на Врасна. Сè уште е нејасно што точно се случило и го предизвикало падот на леталото. Едниот од пилотите по падот на хеликоптерот успеал лесно да излезе и да исплива на површина, но вториот имал поголеми проблеми и подолго време останал заглавен во леталото под вода.
Состојбата била критична и пилотот успеал да го напушти хеликоптерот под вода по интервенција на специјалните припадници на единицата нуркачи, кои, исто така, учествувале во воената вежба.
Двајцата биле веднаш пренесени во воена болница во Солун, каде им се вршат тестови. Обајцата се добро и се очекува да бидат пуштени дома во текот на денот.Инцидентот се случил за време на воена вежба во близина на Врасна. Сè уште е нејасно што точно се случило и го предизвикало падот на леталот