– Откако Ксенија беше убиена, навечер неколку пати слушнавме чекори низ станот, како нешто да се поместува….Информацијата дека се продава станот во кој на 16 март 2010 година, Филип Каписодa ја уби пејачката Ксенија Пајчин па си пресуди себе, беше повод екипата на српски Курир да се упати кон Никшичка улица на Вождовац , каде се случи трагедијата.
Како што се дознава, Љубица Костиќ, мајката на покојната пејачка одлучила недвижноста повеќе да не биде во нејзина сопственост. Од станот се иселиле подстанарите, па таа ја огласи продажбата, бидејќи таму никогаш повеќе не сака да се врати. Но, како што тврдат станарите на зградата во која живееше покојната пејачка, тој стан никој не го сака.
Нема заинтересирани
– Љубица во овој стан прв пат влезе два ипол месеци по трагедијата. Набрзо реши и да го продаде, но бидејќи немаше заинтересирани купувачи, одлучи да го издаде. Подстанарите тука живееја една година, а бидејќи се отселија никој потоа не седеше во него. Повеќе пати слушнав дека станот се продава, но кој ќе го купи кога се знае што се случило внатре. – раскажува еден сосед кој сакаше да остане анонимен.
Тој откри и еден застрашувачки детаљ…
– Откако Ксенија беше убиена, навечер неколку пати слушнавме чекори низ станот, како нешто да се поместува. Никој тогаш не живееше во него и затоа беше чудно. Не само на мене, туку и на останатите соседи. Љубица беше една ведра и насмеана личност, полна со живот и снага. Слушам дека сега не и е до ништо, завршува соседот.
Мајката и понатаму молчи
После Вождовац екипата на српски Курир се упатила и во Земун, каде живеат мајката и бабата на Ксенија. На лице место се увериле дека Љубица и понатаму не е спремна да зборува за ќерката пред медиумите. Нивните соседи велат дека тие во својот дом примаат само најблиски роднини и пријатели.
Инаку Љубица после смртта на Ксенија го промени начинот на живот од корен – има многу малку пријатели со кои се дружи и нема волја да се занимава со нешто. Од недвижности има и вила со базен на Скадарско Езеро, во која Ксенија ги вложувала сите заработени пари, но таму оди еднаш годишно. Информацијата дека се продава станот во кој на 16 март 2010 година, Филип Каписодa ја уби пејачката Ксенија Пајчин па си пресуди себе, беше повод е



