Мирјана Антоновиќ, во ексклузивна исповед за српски Курир, каде за прв пат открива детали од својата љубовна врска со Мирослав Илиќ, вели дека пејачот од нивниот син Девин, кој не го видел 28 години, барал да се одрече од таткото кој го признал.Имено, на Девин презимето му го дал Даниел Антоновиќ, поранешниот сопруг на Мирјана. Нејзиниот син на тој услов не се согласил, па се скарал со биолошкиот татко.
– Недолго после нашиот престој во Белград во 2008 година, Девин изрази желба да го види својот татко, како и секое дете кое ќе се најде во таква ситуација. Му се јави по телефон и прва реченица му беше: „Овде е твојот изгубен син Девин“, а Мирослав му одговори: „Мило ми е што те слушам и што си добро“. Се договорија да се најдат во Белград. После неколку дена Мирослав му се јави и го извести дека се распрашал преку роднина која работи во суд и дека постои само еден начин нашата ситуација да се реши. На Девин му рече дека прво мора да се откаже од татко му Даниел. Долго се препираа околу тоа, па Мирослав почна да зборува сешто и да ме обвинува мене. Разговараа уште неколку пати, но нивната комуникација секогаш се завршуваше со расправијабидејќи Мирослав опсесивно ме спомнуваше мене – се присетува Мирјана и објаснува како дошло до тоа нејзиниот поранешен маж да му го даде презимето на нејзиниот син…
– Девин растеше, а Мирослав ретко се јавуваше, додека не престана да се јавува. Сфатив дека сум сама и дека син ми наскоро морам да го запишам во училиште. Децата знаат да бидат сурови , а јас не сакав моето дете да расне под било каков притисок. Мојот поранешен сопруг Даниел и јас живеевме заедно во иста зграда, а и понатаму бевме во заедничка работа. Тој Девин многу го засака. Кога виде дека Мирослав не се интересира ниту се грижи за својот син, изрази желба да го посвои. Му бев благодарна, а чувствував обврска и понатаму Девин да го издржувам финансиски. Ништо не барав од Мирослав – завршува некогашната љубов на пејачот.
Сака правда
Девин и јас сме подготвени за ДНК
Мирјана вели дека таа и нејзиниот сопруг се подготвени да направат ДНК анализа за да се утврди вистината.
– Мирослав знае дека Девин е негов син и секако кој ќе ја види неговата насмевка, забите и залистоците не се сомнева во тоа. Но, ако за било што е потребна анализа ние сме подготвени во секое време, но на неутрална територија. Имено, на Девин презимето му го дал Даниел Антоновиќ, поранешниот сопруг на Мирјана. Нејзиниот син на тој услов не се согласил, па се скарал со био



