Многумина се загрижија: Што се случува со тешко болната Дона Арес?

Многумина се загрижени што се случува со пејачката Дона Арес, која се бори со тешка болест и токму поради тоа има бројна поддршка од блиските, но и од потполно непознати луѓе кои се трогнати од нејзината животна приказна…-Веќе ми пристигнуваат пораки „Зошто те нема, дали е сѐ океј“, па еве да се јавам со статус!!! „Соба за никој“… поглавје 6!!! Книгата расте!! Напишав многу добри песни, но мора да признаам дека ова пишување ми стана интересно. А дека е лесно, не е… треба на сѐ човек да се сети. Мислам дека секој напишан збор е едно ослободување повеќе. Секоја напишана буква е по една малигна клетка помалку. Со пишување против болеста.
Ова е уште еден од моите начини… Во борбата против ракот сфатив дека болеста не ја сака позитивната состојба на духот, не ги сака креативноста и ангажираноста… болеста сака кога ќе паднеме во кревет, кога плачеме и патиме… болеста сака самосожалување… тага …

…А јас повторно удрив контра и по адреналин… затоа се распишував овие денови – навела пејачката и притоа споделила уште неколку свои размислувања:
-Хемотерапијата ми помогна. Значи, јас сум за лекари, дијагностика, а тогаш и за природни лекови… Нема да ви помогне ниту хемотерапијата, ниту пак алтернативата ако сами не одлучите дека ќе верувате во оздравувањето и во сето она што во тој момент во дава самодоверба… само така се победува ракот!-Веќе ми пристигнуваат пораки „Зошто те нема, дали е сѐ океј“, па еве да се јавам со статус!!! „Соба за никој“… поглавје

Пронајдете не на следниве мрежи: