Пејачката почна да живее со синот на Кеба иако нема благослов од најблиските членови од семејството. Тие двајца постојано се заедно и секаде се појавуваат во пар. Така Северина (43) го поведе Игор Којиќ (28) дури и на доделување на дипломите на својата внука во загребскиот дворец „Лисински“. На случувањето присуствуваше најблиското семејство на Северина, а нејзиното ново момче е фотографирано како во раце го држи нејзиниот син Александар.
На фотографијата е и мајката на Северина, Ана, која отсекогаш и била најголема поддршка, но не и овој пат. Како што дознаваат српските медиуми, Ана не е воодушевена од потенцијалниот зет.
– Мајка ѝ на Северина ја наговара да го остави Игор поради разликата во годините, но и поради тоа што тој нема финансиска стабилност. Таа и вели дека Игор не може да се потпира на примањата на неговиот татко и дека треба да најде работа која ќе му носи редовна заработка. Од друга страна, Северина го брани Игор дека пред него е успешна кариера на спортски менаџер – вели извор близок на парот. .
Во прилог на оваа приказна е и коментарот на Севе на социјалните мрежи:
– Ако сакате да одбегнете критика – не велете ништо, не правете ништо, бидете ништо – напиша пејачката на Фејсбук, додека на Инстаграм додаде:
– Не сакам животот да ми испадне од раце, сакам да одам, а не да ме влечат.
Кеба ќе ја угости снашката
За разлика од мајката на Северина, таткото на Игор, Драган Коиќ Кеба, ја поддржува нивната врска. „Повторувам, изборот на срцето на мојот син е и мој избор, и тука ставам точка“, изјави тој за српски Блиц, а на прашањето дали тоа значи дека им дал благослов и за брак, не сакаше да одговори. Тој наскоро во Белград ќе ја угости Северина, каде таа ќе снима нова песна.
Со што всушност се занимава Игор Којиќ
– Фудбалската кариера ја започна во младинскиот клуб Црвена Ѕвезда
– Потоа играше за Обилиќ, Рад и Хајдук
– Следеша ангажман за Динамо од Букурешт и за кипарскиот Доха Катокопиас
– После тоа се сели за Португалија и игра за Санта Клара
– Пред 3 години престана да игра фудбал и почнува да се занимава со менаџерство, но не толку успешно, со оглед на тоа дека јавноста не знае ниту за еден негов сериозен деловен зафат. Тие двајца постојано се заедно и секаде се појавуваат во пар. Така Северина (43) го поведе Игор Којиќ (28) дури и на доделување на дипломите на сво



