Фолк ѕвездите Аца Лукас и Лепа Брена заедно со директорот на „Гранд“ продукција биле на аудицијата за „Ѕвездите на Гранд“ во Крушевац, каде се појавило малолетно момче кое било пристојно облечено, но на себе имало патики кои очигледно ги позајмило од некого, неколку броја поголеми.Кога го зел микрофнот, во салата се слушнал огромен аплауз, а многумина прокоментирале дека конечно се појавил вистински талент.
„Малиот запеа како никој до сега. Саша, Брена и Лукас се наежија, не можеа да веруваат колку добар глас слушаат. Виделе дека очигледно ги позајмил патиките од некого и во истиот момент извадија пари и му ги дадоа на момчето да си купи нови.
Се слушаше аплауз а момчето веднаш заедо со еден организатор отиде да купи обувки и се врати додека уште траеше аудицијата да ги покаже новите патики и да се заблагодари“, вели изворот, а Аца и Брена ги потврдиле овие наводи.
„Не можам да ви опишам колку беше среќен и каолку еден мал знак внимание него го развесели. Имаше прекрасна фризура, кошула и панталони, но веднаш забележав дека патиките не се негови. Не е убаво да зборуваме кога некому ќе му помогнеме, бидејќи Аца и јас го сторивме како луѓе кои почувствувале потреба за тоа“, изјавила Брена. Пејачката не сакала да го открие името на момчето за публиката да не го запомни по тоа понатаму во натпреварувачкиот дел.
„Повеќе ми се исполни душата од неговата радост, отколку тоа што би ме усреќиле пет пати повеќе од тие пари. Многу се израдува и веднаш праша дали може да ги носи кога ќе дојде во белград“, рекол Аца.Кога го зел микрофнот, во салата се слушнал огромен аплауз, а многумина прокоментирале дека конечно се појавил вистински талент.
„Мал



