Филип Божиновски не успеа да го помине петтиот круг на „Ѕвездите на Гранд“, објави Fox.mk.Имено, во сабота (23 мај) ќе се емитува нова емисија од петтиот круг на најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ во која ќе учествуваат четири натпреварувачи од Македонија.
Ален Хасановиќ, Филип Божиновски, Мартинијан Кириловски и Ивона Јовановиќ се четири македонски претставници што ќе ги бранат боите на нашата земја во петтиот круг во ова регионално шоу, но според неофицијални извори за време на снимањето на оваа емисија во публиката можеле да се забележат солзи и тага кога продукцијата соопштила дека фантастичниот Филип Божиновски се враќа во Скопје, бидејќи не продолжува во шестиот круг.
Нашиот Филип Божиновски со секоја своја изведба во „Ѕвездите на Гранд“ успеваше да го крене целиот регион на нозе. Како потсетување, Филип Божиновски во 2011 година победи во шоуто „М2 – Потрага по ѕвезда“ во реализација на М2 Продукција и телевизија Сител, а медиумите пишуваа дека новата М2 ѕвезда ќе биде легитимен наследник на успешните Елена Ристеска и Ламбе Алабаковски. Зад себе, Филип веќе има снимено 3 песни и еден видео запис.Имено, во сабота (23 мај) ќе се емитува нова емисија од петтиот круг на најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ во ко
Пронајдете не на следниве мрежи:



