Саша Ковачевиќ СЕ ЖЕНИ?! Неговата девојка и БЕЗ ШМИНКА е вистинска УБАВИЦА!

Саша Ковачевиќ пред неколку дена издаде нов сингл „Gde smo, moja ljubavi“ кој за кратко време ги освои срцата на публиката, а сега открива дека до крајот на годината планира албум и прв солистички концерт.Меѓутоа, ова е тоа што најмалку ќе и се допаѓа на женската популација – пејачот открива и каква свадба планира со девојката Јована Јоциќ.
„Повеќе новинарите ме прашуваат за свадба отколку моите дома, но и понатаму не се брзам што се однесува до тоа. Живеам со девојката 3 години и навистина се чувствувам како да сум во брак. Ако сакаш да го прошириш семејството, тогаш ми е сфатлива таа формализација на односите, но бидејќи јас се уште не размислувам за проширување на семејството, има време, ќе даде господ, и тоа некогаш да биде“, вели Саша и додава:

„Не би правел голема свадба. Мојата девојка и јас го делиме мислењето дека не ни е потребна свадба со 500 гости, туку само 15 најблиските луѓе да ги одведеме на некоја егзотична дестинација. Може да се венчаме на пример во Доминикана. Кога пред неколку години летувавме таму, по две венчавања имаше дневно на плажата“, открива Ковачевиќ.
На прашањето дали ја придобил бабата, вели:

„Верувам дека ме сака, бидејќи јас неа ја сакам, па се надевам дека чувствата се обострани. Од самиот старт супер се согласувам со мајка и и со татко и на Јована, повеќе сме како другари“, тврди пејачот, чија девојка за една година завршува основни студии на факултет и планира заминување негде во странство.

„Јас ќе ја поддржам што и да одлучи. Во нашиот дом знае да биде хаотично кога ќе се поклопи нејзин испитен рок со мое снимање. Кога работиме брат ми и јас, многу е бучно, па може да им правиме проблем и на луѓето кои живеат под нас, а не на Јована која е тука. Сепак, наоѓаме компромис бидејќи таа станува рано и учи поголем дел од материјалот додека јас се разбудам“, објаснува Саша, кој недамна го оперираше носот, но проблемот со синусите се уште не исчезна. Меѓутоа, ова е тоа што најмалку ќе и се допаѓа на женската популација – пејачот открива и каква свадба планира со девојката Јована Јоциќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: