Прилепчанецот Марем раскажува: Ги оставив овците на ливада за да глумам во „Збогум, Румелија“

Продуцентите на турската серија „Збогум, Румелија“ му заѕвониле на мобилниот додека Марем Исламоски (43) од прилепското село Kанатларци ги пасел овците и го побарале да ја одигра договорената улога на Хаки-ефенди, што се снимала во мариовските села во Битолско. Го кандисале да најде овчар да го смени зашто немало замена за него со друг актер, пишува Дневник.-Ми рекоа да ги оставам овците и веднаш ќе испратат автомобил на ливадата. Им одговорив дека не сум спремен, дека тешко ќе најдам некој да го преземе стадото оти се наоѓав на неколку километри од селото. Ги прекорував за тоа што не ми се јавиле порано, а и дијалозите не ми беа саглам научени. Тие инсистираа и за неполн час дојдоа со џип. Платив овчар да ги варди овците и заминав на снимање – вели Исламоски.
Тоа било дел од перипетијата доживеана при снимањето на серијата. На крајот од умот не му идело дека ќе стане популарен актер, кој ќе го препознаваат во Прилеп, на пазарот каде што продава биено сирење, како што се случило по неколкуте епизодни улоги во популарната серијата, која по шест-седум години од снимањето се емитува во Македонија.
Како што пишува Дневник, од селото во серијата учествувале педесетина статисти, но само тој бил актер со реплики и дијалози, но и со природни мустаќи. Во три лика, трипати умрел во серијата. Затоа добил понуда да игра во Турција, ама не отишол. Бил дел и од актерската екипа на турската серија „Балканска свадба“, која, според него, не завршила со снимање. Турчинот Исмаилоски го менувал гласот на турски на актерот Тони Михајловски во српската крими-серија „Парада“. Тој тврди дека го побарале за улога во серија што ќе се снима годинава во Македонија под режисерката палка на човекот што ја водел серијата „Сулејман Величествениот“.
Му годи кога се сеќава дека се дружел и муабетел со Рамиз Млекарот, со Џабар-ефенди, со Петрусали, со Алекс, со Никола Терзија… Раскажува дека на сефтето му се треселе малку нозете, гласот му затреперувал, а образите му се зацрвувале. Но, по неколкуте кадри влегол во тимот, небаре со години е актер. Вели дека актерите, со кои седел на паузите и пиел чај, биле пријатни луѓе, пишува Дневник.
Иако биле ѕвезди, не биле арогантни, кренати, а ги глумеле Мустафа, Вахиде, Алекс, Зарифе, Kајмакамот, Димитри, Хатиџе… Се однесувале нормално на ручеците на една трпеза, не само низ селата туку и во Охрид и во Битола, каде што била сценографијата на дел до епизодите.
-Заедно правевме проба пред снимање. Хатиџе беше душа од човек и многу се сликавме. И Рамиз е арен човек, муабетџија, ама и големџија. Многу заработуваше. Возбудливо и забавно е да си во близина и во комуникација со актерите. Се правеа шеги и се дофрлаа досетки – раскажува Марем.
Како изгледа Зарифе од „Збогум Румелија“ ВО РЕАЛНИОТ ЖИВОТ
Тој не крие дека додека се снимала серијата бил овчар в село, а неколкупати во неделата актер.
-Сега сум сточар, сопственик на неколку крави од чие млеко произведувам сирење. Пријатно е кога ја следам серијата. Ги гледам дијалозите за кои на почетокот, пред изборот, не ми беше сеедно. Се потплашував малку. Ја следев серијата и на турски, на интернет, кога како трговец со тутун Хаки-ефенди со Никола Терзија договараше дубари и рушвети да им го земеме тутунот на селаните поевтино. Бев и во ролја на бунтовник против љубовта на муслиманката Зарифе со христијанинот Алекс и го тепав Млекарот. Бев и еден од оние што не дозволуваа Вахиде да оди во војната – раскажува Исламоски, кој додава дека и неговиот најстар син Ерен се појавува во серијата како еден од учениците.
Улогата ја добил откако успешно го глумел пробниот текст на аудицијата во селото, но и поради течниот говор на турски јазик. Добил виза да биде дел од „Збогум, Румелија“ и поради отсуството на трема пред камерите и огромната придружна екипа на снимањето. Многу други жители од селото пробале, ама имале трема и биле избрани за статисти. Дури 30 души од селото биле учесници во епизодата на свадбата на Вахиде и Мустафа.
-Професионален беше односот на снимањето. Поради мене, не се повторуваа делови. Немав проблем со текстот, дури и нешто импровизирав. Сметаа дека додавањето е креација и го разубавува дијалогот. Имаше и суфлери, но не ми беа потребни зашто текстот го читав навечер многупати и го знаев напамет – раскажува Марем.
Од македонските актери, Марем Исмаилоски другарувал со Рулан од Гостивар, кој ја игра улогата на Димитри, со скопјаните Зарифе, Алекс, Бедија и со командирот Џезми, како и со Бајтар-екимот. По завршувањето на серијата, им се проретчиле контактите со другарите од „Збогум, Румелија“. Но, сега повторно „другарува“ со нив додека ја следи серијата на ТВ.
Kанатларчанецот Марем не размислувал да стане актер, но вели кога ја гледа серијата, се поднасмевнува оти веќе го доживеал несонуваниот сон.-Ми рекоа да ги оставам овците и веднаш ќе испратат автомобил на ливадата. Им одговорив дека не сум спремен, дека тешко ќе најдам некој да го презе

Пронајдете не на следниве мрежи: