Каква промена: Погледнете како изгледаат денес чуените Спајс девојки!

Женскиот бенд „Spice girls“ одбележа посебна поп-денс ера која беше посебно изразена во деведесетите. Нивните хитови „2 become 1“, „Wannabe“, „Spice up your life“ се само некои од хитовите кои ги знаевме на памет.Иако некогаш беа познати како диви девојки кои за момент ја загреваат атмосферата на настапите, денес водат сосема поинакви животи.
Гери Халивел

Некогашната „Ginger spice“ се обиде да ја продолжи својата шоу биз кариера, како солист. Но, тој проект не ја прослави нешто посебно. Денес се занимава со мода и има своја колекција на бикини. Гери беше и на мета на жолтиот печат поради аферата со женетиот Формула 1 возач Кристијан Хорнер кој поради неа ја остави сопругата и 6-месечната ќерка. Гери и Кристијан денес се во брак.
Ема Бонтон

Ема од време на време се појавува како член на жири на разни музички натпревари, а со сопругот Џејд Џонс има две деца.

 
Мел Би

Мел своевремено имаше и свое реално шоу, но и понатаму се појавува на многу музички натпреварувања како жири. Мел од првиот брак ја има ќерката Финикс (12), додека од краткотрајната врска со актерот Еди Марфи ја има ќерката Ејнџел (4). со филмскиот продуцент Белафонте го добила третото дете.
Мел Си

Мел Си или „Sporty spice„ некогаш беше позната како „најпроблематичната“ членка на групата, но денес изгледа сосема поинаку. Мел исто така продолжи со музичката кариера, а првиот албум кој го издаде по напуштањето на бендот беше прилично популарен.

 
Викторија Бекам

Убедливо најголема трансформација, но и успех доживеа Викторија Бекам, откако се омажи за чуениот фудбалер Дејвид Бекам. Денес е една од најбараните модни креаторки, чии креации се одликуваат со истенчен стил и елеганција. Пош красеше и многу насловни страни на разни списанија, а со сопругот Дејвид има четири деца.Иако некогаш беа познати како диви девојки кои за момент ја загреваат атмосферата на настапите, денес водат сосема поинакви животи.

Пронајдете не на следниве мрежи: