MERJ (поранешни членови на R&B групата од 90-те BLACKSTREET, добитници на наградата „Греми“) официјално потврдија дека ќе настапат со македонскиот претставник Даниел Кајмакоски на 19-ти мај 2015. на првото полуфинале на Евровизија во Виена.Mark Middleton, Eric Williams и Jeremy Hanna (Марк Мидлтон, Ерик Вилијамс и Џереми Хана) илисамо“MERJ” се музички ветерани со повеќе од 20- годишно искуство како изведувачи, издавачи,продуценти и автори.
Поранешните пејачи во една од најдобрите R&B групи од 90-те, BLACKSTREET, се здружија за да ги вратат машките ритам и блуз групи во зенитот на популарноста во музиката, на радио станиците и на концертната сцена. Марк, Ерик и Џереми се автори и продуценти на песни за големи музички имиња како Витни Хјустон, Боби Браун, „Блекстрит“, интернационалната рап дива Вајб, Ашер, Мери Џеј Блајџ, Гај, Некст, Донел Џонс. Тие се добитници на бројни награди како Grammys, MTV Video Music Awards, MTV Europe Video Music Awards, Billboard, Soul Train awards, BMI, ASCAP и други.
Во април, Даниел, славната американска R&B група MERJ и бугарскиот пејач Бобо, работеа на значаен проект, хуманитарната песна под наслов “Carry the Flame”, која е дел од кампањата на Фондацијата Holiday Heroes во Бугарија. Целта на кампањата , како и на Фондацијата, е да им се помогне на социјално загрозените семејства.
Даниел Кајмакоски вели:
„Сѐ уште не можам да поверувам дека мојата најголема желба наскоро ќе стане реалност! Овие неверојатно талентирани музичари отсекогаш ми биле идоли, пораснав со нивната музика, а сега ќе настапaм со нив на Евровизиската сцена! Исполнување на сонот на секој пејач е да настапува со своите идоли!“
Со заедничката изведба на „Autumn Leaves”, Даниел Кајмакоски и MERJ ќе го изградат најголемиот Евровизиски мост досега! Во позадина на Даниел Кајмакоски и неговите пратечки вокали, ќе работи режисерот и кореограф Мојца Хорват од Словенија.
Мојца има долго портфолио на работење со над 40 кореографии за драмски претстави, 6 филмови, 12 мјузикли, 8 опери, и учество во креирање на кореографија за настани како: Зимски Олимписки Игри, отварање на спортски првенства и мјузикли на Бродвеј.
„Бидејќи се работи за балада, настапот е осмислен врз основа на емоцијата на песната, креирање на одреден степен на мистерија и играње со светло.” – изјави Мојца Хорват.
За настапот да изгледа целосен, за изгледот на сцена и надвор од сцена ќе се погрижи стилистката Ивана Рабреновиќ, која ни е веќе позната од соработката со Даниел за време на шоуто X factor. Ивана исто така има големо портфолио позади себе кога станува збор за сценски настапи, особено во делот на Евровизија. Седум години по ред Ивана е дел од делегации како официјален стилист. Рабреновиќ работеше со Тијана Дапчевиќ минатата година во Копенхаген, и секако нејзиниот најзабележан евровизиски проект е Марија Шерифовиќ, победникот на Евровизија, 2007 година.
„Даниел и придружните вокали ќе бидат облечени во црна, бела и сива боја, со детали во некоја јака боја. Мислам дека ни една друга боја освен овие три не може подобро и поскапо да изгледаат на камера. Тоа ми е најважно, да изгледаат скапо и комотно да се чувствуваат во тоа.“ – изјави Ивана Рабреновиќ.Mark Middleton, Eric Williams и Jeremy Hanna (Марк Мидлтон, Ерик Вилијамс и Џереми Хана) илисамо“MERJ” се музички ветерани со повеќе од



