Жељко и Масимо одбраа свои финалисти за „Икс Фактор“

Масимо и Жељко ги одбраа финалистите со кои ќе продолжат во настапите во живо во втората сезона на „Икс Фактор“.Групата натпреварувачи постари од 27 години, се претставија пред својот ментор Масимо Савиќ, на кого гостинка му беше популарната Нина Бадриќ.
Со нејзина помош, тој ги одбра своите тројца финалисти Амел Ќуриќ, Никола Марјановиќ и Јелена Ѓуриќ.
Жељко Јоксимовиќ со помош на продуцентот Мирко Вукомановиќ, ги одбра своите три финалистки од групата девојки под 27 години.
Под негово менторство, натпреварувањето во настапите во живо ќе го продолжат Катарина Симиќ, Магдалена Богиќ и Ива Ќуриќ.
Нашиот претставник во групата на Масимо, Алмир Исмаили, за жал не успеа да се избори за место во понатамошното натпреварување.
Во следната епизода ќе видиме кои тројца кандидати ќе ги одберат Александра и Тончи, а во групата на Александра, односно момци под 27 години, има двајца претставници од Македонија, Боби и Давид.Групата натпреварувачи постари од 27 години, се претставија пред својот ментор Масимо Савиќ, на кого гостинка му беше популарната Нина Бадриќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: