Веста дека Игор Коиќ е во љубовна врска со Северина одекна со брзина на светлинта, поради што поранешниот голман заминал во Австрија. Инаку, хрватската пејачка открила дека е вљубена до уши во синот на Кеба и дека има чувство дека нивната врска трае цел живот. За да ги избедне медиумите, но и притисокот на јавноста, Игор неколку дена подоцна заминал во Виена, а го променил и бројот на телефон.
„Игор знаеше дека ќе се крене голема прашина кога ќе се дознае за неговата врска со Северина. Кога му соопштила дека дала интервју во кое признала дека се сакаат, синот на Кеба одлучил да ги спакува куферите и да замине во Виена, каде инаку работи како фудбалски менаџер. Сакал да ги избегне медиумите, но и разните прашања.
Отпатувал сам и ќе биде таму неколку дена додека малку не се намали интересот за неговиот однос. Го променил дури и телефонскиот број“, рекол извор близок на поранешниот голман и додал дека семејството ја поддржува неговата врска со најпознатата хрватска пејачка.
„За нив е важно Игор да биде среќен и се додека е така, тие ќе бидат покрај него и се сложуваат со неговиот избор. Никој не замерува ни за тоа што Севе е постара од него 15 години. Што се однесува до семејството на Игор, сите се сложни со неговата одлука“, додава изворот.
Инаку Севе за магазинот Стори признала дека никогаш не била вљубена.
„Вљубена сум до уши, ми се чини дека трае цел живот“, признала пејачката во ексклузивното интервју, додека ни ниту Кеба ниту неговиот син не се огласиле.Инаку, хрватската пејачка открила дека е вљубена до уши во синот на Кеба и дека има чувство дека нивната врска трае цел живот. За да ги избед



