ГОЛЕМА ТАГА: Натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“ доживеал тешка семејна агонија!

Животната приказна на Петар Нисиќ (32), натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“, никого не може да го остави рамнодушен. Натпреварувачот на кој минатата година финалето му избегало за влакно, оваа сезона помина во петтиот круг од натпреварувањето, а во разговорот за српски „Курир“, рече дека победата ќе ѝ ја посвети на мајка му Рада, која успеала да го победи ракот.„Бев принуден многу порано да созреам поради проблемите во семејството. Мирното и безгрижно детство се претвори во грижа за најважната личност во мојот живот – мојата мајка. Таа водеше животна борба со опасната болест. Не можев да седам со скрстени раце кога го дознав тоа. Заедно со татко ми, кој исто така е музичар, почнавме да работиме по кафеани. Имав само 15 години“, се присетил Петар и продолжил:
„Преку недела одев на училиште, а за викендите пеев во кафеани, по свадби и веселби за да можеме да собереме пари за лекувањето на мајка ми. Тешко беше да се заработи за леб и лекови“, вели Нисиќ.
Пејачот истакнува дека годините исполнети со маки и болка се сега зад него.
„Мајка ми успешно се излечи и среќна е што продолжив да се занимавам со музика. Ме бодри уште од првиот ден. Минатата година до толку навиваше за мене, што и ден-денес другарите се шегуваат на моја сметка. Кога и да ме сретнат на улица и во град, ми велат: `Еве го Пеца, го љуби мајка`“, вели Нисиќ, кој верува во својата победа.
„Минатата година за влакно ми избега финалето, но затоа тогаш во дуелот заслужено победи Мирза Селимовиќ, Верувам во себе и оваа година се надевам на најдоброто“, заклучил Петар.
„Бев принуден многу порано да созреам поради проблемите во семејството. Мирното и безгрижно детство се претвори во грижа за најважната личнос

Пронајдете не на следниве мрежи: