Маријана Матеус вчера ја погреба мајка си Душанка Чолиќ (67), на Градските гробишта во Нови Сад. Дизајнерката била потресена од трагедијата, посебно откако во декември останала без таткото, а пред месец дена биле убиени нејзината сестра и зетот.На последното испраќање, покрај Маријана, нејзиниот брат Драган и роднините, се собрале и нејзините пријатели.
Тука се наоѓал и поранешниот сопруг на Маријана, Миодраг Костиќ, Цеца Ражнатовиќ и Ана Николиќ.
Маријана собрала сили и се простила од нејзината мајка.
„Во животот имав успеси и порази, подеми и падови, но ти секогаш беше покрај мене. Со тебе заминува дел од мене, дел од сите нас, но останува многу повеќе, останува сето она на што ме научи. Ти благодарам што ни даде безусловна љубов. Ти благодарам што знаеме што е благодарност и достоинство во секоја ситуација. Ти благодарам што знам да носам насмевка на лицето и кога срцето ми е скршено. Беше и ќе останеш најпрекрасното суштество во нашите животи. Мајка за пример, совршена баба за Дајана, Александра, Анѓела, Никола, тетка, сестра, роднина и пријател. И сега кога повеќе те нема, сѐ уште ти припаѓаме на тебе. Си замина, но засекогаш ќе останеш да живееш во нашите срца и мисли“, го прочитала говорот Маријана.
Фото: курир.рсНа последното испраќање, покрај Маријана, нејзиниот брат Драган и роднините, се собрале и нејзините пријатели.
Тука се наоѓал и поранешниот



