Учесниците на „Ѕвездите на Пинк“, Немања Семлекан и Дајана Милосављевиќ, го привлекоа вниманието на јавноста со својата љубовна врска, посебно откако се свршија пред милионскиот аудиториум.Пејачот ја запроси девојката откако таа во баражната емисија ги добила сите гласови од жирито, а романтичната сцена ги трогна судиите (Види ЛИНК).
Но, тука не е крајот на добрите вести. Имено, Немања и Дајана пред извесно време дознале дека ќе станат родители.
„Прво не знаев што ме снајде, а ниту тој кога му соопштив. Бевме во шок, но многу сме среќни“, рекла Дајана, која истакнала дека не се плаши дека бременоста ќе ѝ ја загрози кариерата.
Таа по породувањето планира да ѝ се посвети на музиката, додека Немања призна дека имал голема трема кога ја запросил Дајана на сцената.
„Сѐ се поклопи. И тоа Дајана да ги добие петте гласови од жирито, но и јас да се осмелам да ја запросам. Никогаш не ми беше потешко да пеам отколку тогаш. Чувствував голем страв. Срцето ми чукаше од возбуда“, рекол Немања.Пејачот ја запроси девојката откако таа во баражната емисија ги добила сите гласови од жирито, а романтичната сцена ги трогна судиите (Види



