Овие ѕвезди покрај себе „шетаат“ девојки кои би можеле да им бидат ќерки!

Секој си бара љубов која му одговара, а познатите сѐ почесто избираат партнери кои се далеку помлади од нив.Ви претставуваме неколку парови, на кои годините не им прават проблем кога станува збор за страста.
Џеф Голдблум

Џеф Голдблум (62), е актер кој стана познат по улогата во филмот „Fly“ кој е снимен во 1970 година. Тој се женел три пати. Бил во брак со актерките Патрисија Гол и Џина Дејвис. По трет пат стапи во брак со олимписката гимнастичарка Емили Ливингстон која 30 години е помлада од него. Во моментов очекуваат принова.
Рајан Филипс

Рајан Филипс (41), ја започна кариерата со глумењето во филмот „One life to live“, а познат е и по тоа што навистина добро изгледа. Тој во минатото имал многу помлади девојки со кои што се забавувал, но сега во моментов е во врска со манекенката Паулина Слагтер која е 17 години помлада од него.

Брус Вилис

Брус Вилис (60), беше во брак со Деми Мур од 1987 до 2000 година, а една година подоцна ја запозна Ема Хеминг. Таа е помлада од него 24 години, но тоа не ги спречило да се заљубат еден во дрг. Ема му роди ќерка минатата година која е нивното прво заедничко дете, а е петто дете на Брус.
Доминик Пурсел

Доминик Пурсел (45) е најпознат по улогата во серијата „Prison break“. Тој 10 години беше во брак со Ребека Вилијамс со која имаат четири деца. Сега е во врска со манекенката Аналин Мекорд, која е 18 години помлада од него.
Еди Марфи

Комичарот Еди Марфи (54), веќе подолго време е во врска со 18 години помладата Пејџ Бачер. Двајцата до толку уживаат во љубовта, што не се стискаат да ги покажат чувствата и во јавност.
Хју Хефнер

Основачот и директор на Плејбој, Хју Хефнер (88), е еден од ретките кој со годините успеал да освои многу помлада девојка. Бил со манекенки и Плејбој зајачици кои се помлади од него и по 60 години.
Тој е во брак со бринетата Кристал Харис, која е 59 години помлада од него! Ви претставуваме неколку парови, на кои годините не им прават проблем кога станува збор за страста.
Џеф Голдблум

Пронајдете не на следниве мрежи: