Ивона Неговановиќ Цуца, која гледачите ја исфрлија од реалити шоуто „Парови“, открила дека нејзината врска со фолкерот Шабан Шаулиќ не е тајна и дека не и познато дека тој има сопруга Гордана.„Не знам за кого зборувате. Јас не знам дека тој има жена, но знам дека има менаџерка“, рекла Цуца, алудирајќи на сопругата на Шабан, која е задолжена за работите околу неговите настапи.
„Не би сакала да му бидам менаџерка на Шабан. Тој во овие години треба да ги крене сите 4 во вис и да ужива, а не да биде работник“, вели Цуца.
Младата пејачка рекла дека не знае како се вика жената на Шабан и дека го мрази името Гордана.
„Прв пат слушам дека сопругата му се вика Гордана. Тоа име не го сакам, бидејќи имав пријателка Гордана, која ми нанесе многу зло. Таа жена на Шабан не знам ни како се вика“, рекла Ивона.
Цуца тврди дека таа не е љубовница на Шабан.
„Тој многу ми помогна и кога и кога би пишувала книга во неа би имало многу зборови за Шабан бидејќи тој е присутен во половина од мојот живот. Никогаш не сум била со него, иако не сликаа како шетаме, се држевме за раце бидејќи немаме што да сокриеме. Стиховите од неговата песна ги истетовирав на себе бидејќи тој е мој идол“, се бранеше Цуца.
Бидејќи е откриено дека не е бремена, пејачката рекла дека била скоро сигурна дека ќе стане мајка.
„Видов крв и така се утврди дека не сум бремена. Ни Шабан, ни Горан не се потенцијалните татковци“, рекла Цуца.„Не знам за кого зборувате. Јас не знам дека тој има жена, но знам дека има менаџерка“, рекла Цуца, алудирајќи на сопругата на Шабан, к



