Анџелина Џоли објавила дека минатата недела била на операција за отстранување на јајниците, и тоа две години откако направи двојна мазектомија и ги отстрани и двете дојки. Убавата актерка го прави сето ова бидејќи го носи генот БРЦА1, кој екстремно ја зголемува шансата за добивање рак на дојка и јајници.Ѕвездата напишала текст во кој објаснила зошто се одлучуила за овој потег. Од оваа болест актерката ги изгубила мајката, тетката и бабата. Таа тврди дека веќе долго размислува за овој потег, но еден повик од нејзиниот доктор ја натерал дефинитивно да се одлучи за операција. Инаку, лекарот и рекол дека можеби веќе има некои мали аномалии на јајниците кои се доведуваат во врска со рак, и ја посоветувал разговара со хирург.
„Поминав низ она што претпоставувам дека минуваат илјадници други жени. Си реков да останам силна и смирена, и дека нема причина да мислам како нема да дочекам да ги видам децата како растат и да ги запознаам внуците“, пишува Џоли.
Бред се наоѓал во Франција кога сопругата му се јавила. Веднаш се вратил во Лос Анџелес за да биде покрај нејзе.
„На мое олеснување, се уште ја имав опцијата да ги отстранам јајниците и тоа го сторив“, пишува актерката.
Таа минатата недела отишла на операција, а хирургот открил дека на едниот јајник навистина има мал тумор, но анализата потврдила дека е бениген. Сепак, одлучила да не ја отстранува матката, бидејќи никој во нејзиното семејство немал рак на матка.
По оваа операција, таа повеќе нема да може да раѓа, и сега официјално е во менопауза.
„Без разлика на хормоните кои ги пијам, сега сум во менопауза. Нема да можам да раѓам повеќе, и очекувам некои физички промени. Но се помирив со она што доаѓа, не затоа што сум силна, туку затоа што тоа е се дел од животот“, заклучува актерката.Ѕвездата напишала текст во кој објаснила зошто се одлучуила за овој потег. Од оваа болест актерката ги изгубила мајката, тетката и бабата. Таа тврд



