Девојки не престануваат да ни ѕвонат!

Студентите од Сараево, кои го одбележаа почетокот на втората сезона од музичкото шоу, за само еден ден добиле илјадници обожавателкиАднан Пацоли (20) и Тарик Мулаомеровиќ (19) на Х фактор се претставија со баладата „Жуте дуње“, и тоа така што едниот свиреше на гитара, а другиот битбоксуваше. По втората песна жирито беше на нозе, сакаше да слушне и трета песна. Освен жирито, и публкиката беше воодушевена.
„Ни пристигнаа голем број барања на социјалните мрежи од девојки, телефоните не престануваат да ѕвонат… Не поддржуваат и млади и стари. Пресреќни сме“, велат Аднан и Тарик.
Се запознале пред 4 години на хуманитарен концерт и отогаш свират заедно. Сепак признаваат дека во Х фактор имале трема.
„Од трема едвај се претставивме. Но, кога публиката не поддржи со аплауз, тремата исчезна. Интересно е тоа што прв пат го посетивме Белград благодарение на Х фактор, навистина беше незаборавно“, вели Тарик.
Иако Тончи Хуљиќ им рече дека может да се натпреваруваат одвоено, тие решиле заедно да се обидат да стигнат до победата.
„Најискрено не би се натпреварувале одвоено. Веќе некое време планираме заедно да настапиме, и ете ни се исплатеше. Ние сме тим. Се надеваме дека Х фактор ќе биде голема отскочна даска во нашите кариери. Ќе се обидеме да дотуркаме што подалеку, би биле многу среќни и да победиме“, велат момците.Аднан Пацоли (20) и Тарик Мулаомеровиќ (19) на Х фактор се претставија со баладата „Жуте дуње“, и тоа така што едниот свиреше на гитара

Пронајдете не на следниве мрежи: