Сенада Нуркиќ попозната како Маца Дискреција во емисијата „Гол Живот“ дирекно од вилата „Парови“ открила потресна приказна од својот живот. Маца никогаш не го запознала својот татко, а ја одгледала баба ѝ, од својата пензија.„Имав само една фотографија од татко ми кога бев мала. Бидејќи си играв со неа, ја изгребав и не можам да се сетам на неа. Тоа беше единствената фотографија која ми остана“, вели Маца која за време на оваа исповед се расплакала, а потоа открила дека го бараала но никогаш не можела да стапи во контакт со него.
„Се обидував да го добијам на некои броеви, но секогаш ми се јавуваше сопругата на неговиот брат која ми велеше дека ќе му пренесе, но ништо. Е сега, дали знае дека сум жива или не, не знам. Не сум се обидела да одам кај него бидејќи ниту тој мене не ме бараше. Но се плашев и од неговата сопруга со која е сега и има две деца“, вели Маца која не ги познава ниту децата на својот татко, но тврди дека токму од него го наследила талентот за музика.
„И тој се занимава со музика, мајка и вели дека од него сум повлекла. Тој снимил касета во 1991 година која се викала Сенад, а јас се викам Сенада.
Маца Дискреција потоа објаснила како се издржува таа и нејзиното семејство.
„Мојата мајка е болна, пие многу таблети дневно. Била во логор за време на војната. Едноставо е болна. Ја издржувам и неа и баба ми. Бескрајно ми се благодарни за тоа и тоа ми е најважно, но не е лесно. Секој викенд пеам и штедам за да ги платам сметките за куќата, храната, лековите“, рекла Маца на која оваа приказна ѝ била многу тешка.„Имав само една фотографија од татко ми кога бев мала. Бидејќи си играв со неа, ја изгребав и не можам да се сетам на неа. Тоа беше единствен
Пронајдете не на следниве мрежи:



