Екипата од „Хари Потер“ навистина постои и тоа на училишната фотографија на Ед Ширан

Фановите на Ед Ширан подзинаа кога на интернет се појави фотографија од Ед Ширан од училишните денови поради која многумина претпоставиле дека популарниот пејач одел во училиште за магија.Фотката се проширила на интернет како вирус, бидејќи фановите на Хари Потер биле запрепастени колку ликови од нивната омилена книга и филм се наоѓаат на нејзе. Во самиот центар на фотографијата  се наоѓа нераздвојното трио Хари, Рон и Хермиона, додека Ед Ширан е еден од нив.

Тој, секако поради својата боја на коса е Рон Визил, девојката од неговата лева страна Хермиона Грејнџер, а момчето со очилата и црна коса не може да биде никој друг туку Хари Потер!

И тука работите стануваат уште позамешани, бидејќи веднаш под „Хари“ се наоѓа девојка која неверојатно многу потсетува на помладата сестра на Рон Џини, додека во долниот десен агол плавото момче е ист како Драко Мелфој, вечниот непријател на главвниот јунак. Бидејќи Драко ретко се појавува без својот верен пријател креби, и тој се нашол на оваа неверојатна фотографија и тоа веднаш зад Рон и Хермиона, или Ширан и неговата пријателка.
Фотката се проширила на интернет како вирус, бидејќи фановите на Хари Потер биле запрепастени колку ликови од нивната омилена книга и филм се наоѓа

Пронајдете не на следниве мрежи: