Мадона: „Ме одвлечка на покривот од зградата, каде што бев силувана“

Според тврдењата на познатата пејачка, непознат маж ѝ пришол и бил многу љубезен кон неа. По некое време, тој ја одвлекол на покривот каде што ја силувал.Мадона уште пред неколку години призна дека била жртва на сексуален манијак кога имала 19 години, а пред неколку дена кај Хауард Стерн, таа откри и зошто никогаш не го пријавила нападот.
Пејачката објаснила дека во желбата за слава била многу наивна, посебно кога се преселила во Њујорк.
„И претходно бев злоставувана. Не вредеше да го пријавувам зашто и онака доживеав преголемо понижување. Ми требаа пари за да се јавам од говорница. Непознат маж ми пријде и ми даде ситно. Беше многу љубезен. Веднаш потоа, тој ми понуди да се јавам од неговиот стан, а јас на секого му верував“, рекла Мадона и додала дека мажот потоа ја одвлекол на покривот од зградата, држејќи нож кој бил притиснат во грбот од пејачката и ја силувал.Мадона уште пред неколку години призна дека била жртва на сексуален манијак кога имала 19 години, а пред неколку дена кај Хауард Стерн, таа откри и

Пронајдете не на следниве мрежи: