Собода и Војин изградиле монтажна куќа во Чортановци, село кај Инѓија, за да им обезбедат здрава околина на своите пет-годишни близначки Вера и Мила. Познатиот актерски пар, кој со ќерките живее во стан покрај Комбанк арена во Нов Белград, уште пред две години одлучил да се тргне надвор од Белград, кога купиле простор во војводинскиот крај.„Мојот пријател има викендица таму и често одев кај него. Ги носев и децата, па така покрај него дојдов до идејата да изградам куќа таму. Тоа отсекогаш беше моја желба, но најмогу го сторив тоа поради ќерките. Првенствено поради здравиот воздух, а потоа и затоа што во Белград намаат двор. Сакам детството да го поминат на село“, рекол Ќетковиќ во една емисија и нагласил:
„Најважна ми е среќата на децата, а и за нас возрасните може да се организира вистинско уживање. Околу куќата има место за скара, а јас сакам да готвам. Покрај тоа сакам и да ловам, а Дунав ми е близу“.
Со оглед на тоа што Војин е многу посвете на зачувување на животната средина, внимателно ги одбирал материјалите за куќата, па користел еколошки тули.
„За изградбата се посоветував со експертите на Саемот за градежништво, каде, освен логистика, добив и препорака за една фирма преку која ја завршив целата работа. Не морав да земам одмор за да присуствувам на изградбата, ниту да мешам малтер, но сето тоа брзо го завршија вистинските мајстори за градба“, се пофалил Војин, кому му останало само да го декорира новиот дом со својата сопруга.„Мојот пријател има викендица таму и често одев кај него. Ги носев и децата, па така покрај него дојдов до идејата да изградам куќа таму. Тоа



