На победникот на првата сезона од Х Фактор Даниел Кајмакоски ништо не му е исполнето!

За некоја недела би требало да започне втората сезона од „Х Фактор“. Продукцијата на кандидатите им ветува кариера, успех и сето тоа делува како навистина голема шанса за талентираните млади луѓе. Сепак, дека не е се баш совршено, се покажа на примерот на победникот на првата сезона, Даниел Кајмакоски, кој од се што му било ветено не добил апсолутно ништо. Даниел не ги добил првобитно ветените 200.000 евра, автомобилот, кредитната картичка, албум, како ни договор за чуената издавачка куќа Сони.„Издавачката куќа  Сони за регионот  ја застапува фирмата Менарт од Загреб и тие требаше да го финансират албумот, спотовите и се останато. Во првобитниот договор кој Кајмакоски го потпиша со таа фирма стои  дека се мора да биде готово до ноември 2014 година, што  не се случи. Му пратиле седум песни од кои Даниел одбрал само една бидејќи во договорот стои дека и тој има право да учествува во изборот  на компзиции и заедно со нив да учествува во изградбата на својата кариера. Од првобитниот план како награда за прво место да добие 200.000 евра во кеш не добил ништо.Ги менуваа одлуките  и на кај испадна дека тие 200.000  евра ги подразбираат и албумот и автомобилот и се останато. На крај дури и од тоа нема ништо“, раскажува за српски „Свет“ извор добро упатен  во проблемите на нашиот Даниел  и додава:
„Дури ни автомобилот  кој го доби по финалето не е на негово име бидејќи продукцијата  никогаш не го плати данокот на сопствеништво, така што  во секој момент може да остане и без автомобилот“. 

Даниел мора да се појави во првата епизода  од  втората сезона од „Х Фактор“ како победник  од првиот серијал, но тој не сака да го стори  тоа бидејќи работите со продукцијата не се расчистени. Сега врз него се врши притисок да потпише нов договор по кој Менарт предлага  во неговата кариера да се вложат 25.000 евра, но од сите негови примања во годините кои следат  да зема 50 проценти за себе. Засега не е извесно дали тој ќе се појави, а тоа  по лиценцата едноставно мора да се случи.

 
„Се уште не сум снимил албум ниту направив дефинитивен договор со Менарт и продукцијата на Х Фактор, но не губам надеж дека сепак тоа ќе се случи. Жал ми е што се се одложи, но не сакам да верувам дека нема да се случи она што ми е ветено и што го добија сите победници на Х Фактор во светот“,  вели Даниел и додава дека неговото појавување во првата епизода од втората сезона на Х Фактор зависи само од продукцијата.

„Доколку биде реализирано она што ми беше ветено ќе ми биде задоволство да се појавам на отварањето на новата сезона“.
Сепак, оваа година Х Фактор го работи нова продукција, па со самото тоа постои шанса да не се повтори вакво сценарио со победникот од втората сезона„Издавачката куќа  Сони за регионот  ја застапува фирмата Менарт од Загреб и тие требаше да го финансират албумот, спотовите и се о

Пронајдете не на следниве мрежи: