НОВИ ПРОБЛЕМИ за Калиниќ: Унгарија се вмеша во истрагата за сообраќајната несреќа

Популарниот водител Милан Калиниќ, се најде во нов проблем поради предизвикувањето на сообраќајна несреќа во почетокот на месецот, во која биле повредени тројца унгарски државјани.Со оглед на тоа дека станува збор за странци, во целиот случај се вклучи и унгарскиот правосуден систем, кој бара водителот да биде соодветно казнет за делото кое го направи против безбедноста во сообраќајот.
Против Калиниќ, кој со својот џип удрил во „опел“ со четворица патници, е покрената кривична пријава, а Унгарците очекуваат редовно да бидат известувани за новите детали од случајот.
„Против Калиниќ е покрената кривична пријава за тешко дело кое се коси со безбедноста на сообраќајот, за што се пропишува казна со времетраење од една до осум години затвор, Милан не ја негираше вината на сослушувањето, туку изјави дека има намера на повредените лица да им ја надокнади штетата. Надлежните органи во Унгарија одлично се упатени во истрагата и сега бараат целиот случај што побрзо да зварши, а Калиниќ законски да одговара за стореното дело“, раскажал добро упатен извор.
Фото: курир-инфо.рсСо оглед на тоа дека станува збор за странци, во целиот случај се вклучи и унгарскиот правосуден систем, кој бара водителот да биде соодветно казне

Пронајдете не на следниве мрежи: