Откриен идентитетот на мистериозниот маж со кого Цеца ужива на Тајланд!

Пред извесно време Цеца ја заскокотка фантазијата на фановите кога објави фотографија со мистериозен маж. Деновиве таа ужива на Тајланд на островот Кох Самуи, познат по убавите плажи и луксузните хотели. Идентитетот на нејзиниот сопатник конечно е откриен и многумина ќе се разочараат кога ќе дознаат дека не се работи за нова љубов на фолк дивата туку за нејзиниот најдобар пријател Сретен Радовиќ. Подоцна на патувањето им се придружи и фотографот Милош Надаждин со кого Цеца ќе сними спот за уште една песна од последниот албум.
За нејзината шминка ќе се погрижи стилист од Банкок, а оттаму ќе допатува и згоден манекен кој ќе ја придружува во спотот.

Цеца е сместена во бунгалови на самата плажа и секоја вечер ужива во спектакуларниот залез на сонцето.
После Кох Самуи пејачката ќе престојува во Банкок во хотел во центарот на градот во кој интересно е што рецепцијата се наоѓа на 23-тиот кат, а ресторанот на 52-тиот.
По слетувањето во Србија Цеца ја очекуваат нови обврски, а веќе кон крајот на февруари настапува во Ротердам.
 Идентитетот на нејзиниот сопатник конечно е откриен и многумина ќе се разочараат кога ќе дознаат дека не се работи за нова љубов на фолк дивата тук

Пронајдете не на следниве мрежи: