Состојбата на Боби Кристина се подобрува, потврдила сестрата на нејзиниот татко Боби Браун, Леола Браун. Боби Кристина полека ги отвара очите.Во интервју за американската „Фокс5“, Леола Браун, тетката на Боби Кристина, ги потврдила изјавите на докторите дека ќерката на Витни Хјустон полека закрепнува.
„Знаеме дека ги отвора очите. Тоа е вистина, ги отвора очите и прави уште неколку работи. Кристи е добро сега“, изјавила Леола.
Сестрата на Боби Браун додала дека постојат многу назнаки кои покажуваат дека девојчето ќе биде добро, и покрај се што се пишува по медиумите.
„Закрепнува. Подобро ѝ е. Само ги молиме луѓето да продолжат да се молат“, изјавила Тина Браун, сестрата на Боби Браун.
Обожавателите на Боби Кристина одржале бдеење со свеќи за нејзино закрепнување во понеделникот.
Да потсетиме, овие денови се пишуваше дека Кристина треба да биде исклучена од апаратите кои ја одржуваат во живот и тоа денес, на тригодишнината од смртта на нејзината мајка.
Боби Кристина, единственото дете на Витни Хјустон и Боби Браун, е пронајдена на 31 декември онесвестена на подот.
Семејстото бара малку приватност и им се заблагодарува на сите кои се молат за неа и им порачува да продолжат.Во интервју за американската „Фокс5“, Леола Браун, тетката на Боби Кристина, ги потврдила изјавите на докторите дека ќерката на Витни Х



