Зошто австралиската пејачка не дозволува никој да види како изгледа?Таа своето лице го крие со огромни перики, а во 2013 се појави на насловна на „Billboard“ магазинот со книжна кеса на главата!
Кога нејзината слава достигна метеорски димензии, лани, во интервју за New York Times на прашањето зошто се крие, таа изјави:
– Тоа е ужасно! Јас само сакам да имам приватен живот!
– Еднаш кога мој пријател ми соопштуваше дека има рак, некој ми пријде и побара да се фотографира со мене!
Затоа, таа мрази да биде славна и не сака никој да знае како изгледа.
– Не излегувам надвор освен кога треба да ги шетам кучињата. Не сакам да ме препознаваат. Порано бев многу дружељубива, а сега сакам само да сум невидлива! Многу повеќе си се допаѓав пред да станам славна. Имав повеќе пријатели и повеќе енергија – изјави Сиа во 2010 за Sydney Morning Herald.
Истата година таа во борба со алкохолизмот и депресијата за малку ќе си го одземеше животот.
Уште еден настан придонесе за таа одлука.
Само неколку дена пред да го посети своето момче во Лондон, тој беше прегазен од таксист и почина.
Во септември 2010 Сиа во евтин хотел остави проштално писмо со содржина: Се убив и не сакам да страдате кога ќе го видите моето мртво тело.
Но, навремен повик од пријател ја натера да ја преслуша одлуката и да почне програма на закрепнување во 12 чекори. Тогаш престана да работи, а на сцената се врати во 2014 година.
Ова е една од ретките фотографии на кои се гледа нејзиното лице – со својот сопруг Ерик Андерс Ланг со кого се омажи лани во август.
Таа своето лице го крие со огромни перики, а во 2013 се појави на насловна на „Billboard“ магазинот со книжна кеса на главата!



