Харис Џиновиќ во емисијата „Звездите на Пинк“ имал остра критика за Мирослав Илиќ поради тоа што не го слушал кандидатот додека пеел туку се загледал во публиката.Натпреварувачот Предраг Усковиќ со изведувањето на песната „Хитно“ успеал да го подигне целото студио на нозе но очигледно со тоа не го одвлекол вниманието и на Илиќ кој наместо во него гледал во публиката во еден човек кој играл. На крајот излегло дека тој човек му бил сосед.
„Еден од ретките кандидати кој успеа одлично да ја изведе и првата и втората песна“- го пофалил Илиќ, Предраг а потоа се свртел кон човекот од публиката.
„Но мене цело време ме забавуваше овој фин господин таму кој баш интересно си играше. Колку слатко играше немате претстава“.
Меѓутоа Џиновиќ немал милост за таквиот потег на Мирослав. За него тоа било знак на невнимание.
„Ова е класичен доказ дека жирито не ги слуша кандидатите! Додека Мирослав го гледаше човекот како игра , ние слушавме и дававме напор за човекот да добие чиста петка! Земи број од човекот и играјте си знаедно“- му порачал Харис.
Натпреварувачот Предраг Усковиќ со изведувањето на песната „Хитно“ успеал да го подигне целото студио на нозе но очигледно со тоа не го



