Тања Савиќ е шокирана од приказната која во јавноста ја изнесе извесниот Бане Ѓокиќ, тврдејќи дека нејзиниот сопруг Душан ја тепа, изневерува и дека дури и се дрогира пред нив. Пејачката предупредува дека станува збор за болна личност, која е опседната со нејзиното семејство и дека сето тоа што го ракажал за локален медиум е невистина. Сега се кае што дозволила некој таков да и го води Фејсбук профилот и Јутјуб каналот.Кривично дело
– Тој е патеник кој сакаше насловна страна и ја доби. Веројатно е лут што го разоткривме. Се претставуваше во наше име, се закануваше, ги ветуваше нашите пари, па тоа е кривично дело. Можеме да го тужиме за тоа. Кога ни се јави едно момче од Црна Гора и кога видовме што се случува, сакавме да ја прекинеме соработката и да го преземеме мојот Фејсбук профил. Тој тоа не го прифати. Не уценуваше и на крајот се избриша. Поради тоа се случи целиот овој проблем – тврди Тања и додава:
– атој, оној лик од Црна Гора кој ни се јави, го измамил за 350 евра, ние го имаме тоа на маил од момчето. Бане дури се колнеше во децата, му викал „да ми ги префрлиш сите фанови на страната, јас ќе ти платам“. Значи таквите работи заслужуваат казна. Имаме доволно основи да го гониме судски. Праќал мејлови во име на Душан, се потпишувал како Душан, ние чуваме се што Црногорецот ни испрати.
Освен тоа, Савиќ кажува дека Бане си присвоил пари и од Јутјуб:
– Бане зема околу 5000 долари од Јутјуб и ги потроши. А тоа не го пријавил. Подобро да поведе сметка за своето ментално здравје отколку да се занимава со тоа што правиме јас и Душан. Него му треба психијатар.
Не прогонува
– Буквално немавме приватност. Доаѓаше на настапи непоканет, се буташе секаде, беше како сениште кое не прогонува. Тој сакаше да стане пејач, а нема врска од пеење. Бане Ѓокиќ – напишете на Јутјуб, па ќе видите какви спотови ќе излезат. Еднаш јас него го прашав со што се занимава и тогаш тој ми ги прати неговите спотови. Кога видов, само што не повратив.Кривично дело
– Тој е патеник кој сакаше насловна страна и ја доби. Веројатно е лут што го разоткривме. Се претставуваше в



