Изгледа како да има „лоша крв“ помеѓу Анџелина Џоли и Џенифер Анистон.Ѕвездите завршија заедно по повод новиот филм на госпоѓата на Бред Пит „Unbroken“ на забавата за избор на Награди од критичарите во четвртокот во Лос Анџелес.
Кога ја прашале Џенифер дали конечно може да се стави крај на ривалството меѓу неа и Џоли кое датира уште од 2005 година таа кратко одговори:
„Мислам дека на тоа полека му се ближи крајот. Навистина“ изјави таа за медиумите.
И не само што не кажа ништо лошо за актерката, туку додаде дека е фан на работата на Џоли.
„Мислам дека филмот е прекрасен и таа направи извонредна работа“ рече таа мислејќи на новиот филм „Unbroken“ кој е базиран на вистинска приказна за Луи Замперини, воен херој заробен и мачен од Јапонците за време на Втората светска војна. Во видеото се појавува и 97-годишниот Замперини.
„Мислам дека луѓето треба да престанат веќе со таа глупост. Тоа се заморни и стари работи . Тоа е како стари чевли. Дајте нека се купат нов пар убави чевли“.
Тоа беше пред 10 години кога Пит ја напушти Анистон за Џоли, a сега и не и тоа болна тема бидејќи деновиве покрај неа има подеднакво секси човек Justin Theroux.Ѕвездите завршија заедно по повод новиот филм на госпоѓата на Бред Пит „Unbroken“ на забавата за избор на Награди од критичарите во чет



