Џон Сундахил, одликуван пилот на хеликоптер и поранешен партнер на Бритни Спирс, беше убиен во Авганистан, а Mirror јавува дека го убиле талибанските сили.Сундахил управувал со хеликоптер на подрачјето на Кабул, каде што во приватен аранжман со месеци пренесувал службеници ширум Авганистан. Карл Сундахил, братот на убиениот пилот, рече дека 44-годишниот Џон заминал во Авганистан за да им помага на луѓето.
„Скршени сме. Џон замина таму за да се обиде да ја поправи земјата. Се обидуваше да им помогне на луѓето, често велеше дека земјата се наоѓа во состојба на тотален хаос“, рече Карл.
„Беше на пат од Кабул кон блиска локација, кога одеднаш му се урна хеликоптерот. Државните службеници ни рекоа дека тоа е дело на Талибанците. Моите родители се многу стари, па знаеме дека ова многу тешко им падна“, изјави братот на убиениот пилот.
Телото на убиениот пилот беше пренесено во САД, каде што семејството одржа мала миса за починатиот во будистички храм во Лос Анџелес.
Џон Сундахил ѝ беше познат на јавноста по својата врска со Бритни Спирс. Парот се запозна по групната поддршка за алкохоличари во 2007 година во Лос Анџелес, а славната пејачка јавно му се заблагодари на улогата која тој ја одиграл во нејзината борба против алкохолизмот.Сундахил управувал со хеликоптер на подрачјето на Кабул, каде што во приватен аранжман со месеци пренесувал службеници ширум Авганистан. Карл Сунда



