Емина Јаховиќ: Некои ЌЕ СЕ ЗАСРАМАТ кога ќе го погледнат ова видео!

Пејачката за „Србија денес“ отворено зборуваше за злоставувањето на жените, како и за нејзините планови за новогодишните празници.Емина Јаховиќ го претстави новиот спот за песната „Не се плашам“ (“Ne plašim se). Пејачката отворено раскажа и ја пренесе пораката која ја носи овој спот.
Имено, станува збор за жените кои трпат насилство и кои барем еднаш го проживеале тоа. Поучниот спот, убава песна и добрата продукција придонесоа Емина на публиката да и претстави нешто сосема поинакво. Пејачката вели дека ниту една жена не треба да трпи насилство, туку да побегне од тоа.
– Секој човек кој макар еднаш во животот ќе удри жена, секој следен пат ќе го стори тоа, дали под дејство на алкохол или негативна емоција на тага. Тие луѓе обично имаат разни изговори, јас сакав со овој спот да го свртам вниманието кон оваа тема и на полоши теми кои се случуваат во вид на психичко и физичко злоставување – вели Емина.
– А оние кои веќе го прават тоа да се засрамат кога ќе го погледнат овој спот- заклучува пејачката.

А какви и се плановите за нова година погледнете во видеото во продолжение:

 Емина Јаховиќ го претстави новиот спот за песната „Не се плашам“ (“Ne plašim se). Пејачка

Пронајдете не на следниве мрежи: