Сите ја проседивме трансформацијата на Андреја Пејиќ, но дали сте знаеле дека и овие секси девојки кои ги гледаме на насловните страници и модните писти всушност биле родени како мажи? Ви ги претставуваме најубавите.Андреја Пејиќ
Манекенката со српско потекло долго време работеше како андроген модел, па така можеше да се види како и на машки така и на женски модни ревии. Таа неодамна направи операција за промена на полот и стана жена.
Леа Т.
Убавата бразилка е родена како Леандро Керазо во 1981 година, но тоа не ја спречило денес да стане една од најпознатите трансексуални манекенки. Таа дури стана муза на компанијата Живанши.
Клаудија Киарез
Тешко е да се поверува дека оваа дама се родила како маж и тоа ја чинело исфрлање од емисијата „Американски супермодел“. Но таа ја освои таа титула во натпревар за трансексуални модели и денес активно работи како модел.
Флоренција Де Ла В
Аргентинската убавица се родила како Карлос Тринидад, а на крај станала најпозната трансексуална актерка на светот. Таа моментално е среќно мажена и мајка на близнаци кои ги добила преку сурогат мајка.
Камила Асанка
Камила доаѓа од Шри Ланка и е нова во модната индустрија. Исто така учествувала во „Мiss Internacional Queen“ натпреварувањето, но таму не остварила впечатлив успех.
Роберта Клосе
Бразилската манекенка е прва трансексуалка која позирала за бразилското издание на магазинот Плејбој. Откако ја направила операцијата за промена на полот, успеала да ја освои и титулата најубава Бразилка.
Андреја Пејиќ



