Пејачката Миа Борисављевиќ се обидува со работа да ги оттргне мислите од немилото случување кое и се случи пред десетина дена, кога нејзиното поранешно момче Никола Миниќ ја претепа. За време на викендот таа пеела во еден клуб на Копаоник каде се трудела никој да не забележи низ каква агонија поминува. Пејачката со насмевка на лицето ги забавувала посетителите и не дозволила проблемте од нејзиниот приватен живот да влијаат на настапот.- Давам се од себе за повторно да бидам среќна и да не размислувам за тоа што се случи. Нема да ме спречат ќотекот и насилството. Се подготвувам за добар почеток на наредната година и од Дедо Мраз посакав да ми подари повеќе среќа, a и сама ќе се потрудам да поработам на тоа – вели Миа.
Таа во текот на целата вечер не се одвојувала од менаџерот, кој и влева сигурност и заштита. Инаку, Миа пред десетина дена кога си одела накај дома, момчето ја пречекало пред зграда и насилно влегол во нејзиниот автомобил и ја претепал.
Како што велат добро упатени извори, Никола бил многу посесивен и не можел да го поднесе раскинувањето. Тој пред три години исто така ја истепа пејачката бидејќи наводно флертувала со некое друго момче. И тогаш го пријавила во полиција, но од страв ја повлекла пријавата.
За дочекот на Нова Година пејачката ќе настапува во Белград, и вели дека не се грижи дали ќе има доволно публика, со оглед на тоа дека поголемиот број на ѕвезди ќе пејат во Србија таа вечер.
– Не се плашам од конкуренцијата бидејќи публиката која ја слуша Сека Алексиќ сигурно нема да помисли: „Е можеме да отидеме и на настапот на Миа“. Таквите луѓе не ги слушаат моите песни. – Давам се од себе за повторно да бидам среќна и да не размислувам за тоа што се случи. Нема да ме спречат ќотекот и насилството. Се подготву



