Ја гледаме секоја недела во шоуто „Твоето лице звучи познато“, каде не воодушевува со своите трансформации. Актерката Јелена Гавриловиќ Новата година ја очекува со една конкретна желба, а најголемата поддршка ја има од еден посебен маж.„ТЛЗП е она што и мислев дека е, една крвава работа. Публиката често не знае колку е тешка таа работа, но ниту во животот, ниту во кариерата не се доаѓа до успех без голем труд. Многу ми е драго што сум дел од ова шоу, поготово поради неговиот хуманитерен карактер, и тоа што парите можеме да ги дадеме кому сакаме. Помеѓу нас нема конкуренција, бидејќи јас не ни сакав да се натпреварувам, учеството го доживеав како свој мастер клас“, вели Јелена.
До сега ја гледавме како Весна Змијанац, Шинејд Оконор, Предраг Живковиќ Тозовац. Задачите кои ѝ се чинеле лесни, како имитацијата на Тејлор Свифт, на крај се покажале како потешки од оние кои ѝ се чинеле како вистински предизвик. Со задачата да го имитира Тозовац излегла верувајќи дека нема да испадне добро, а таа вечер добила одлични оцени.
Секоја имитација ја подготвува четири дена, а кога би можела да влијае на тастерот кој ги одбира задачите, би одбрала некоја „атрактивна точка“.
„Енергијата која ќе ја донесете на сцена е поважна од физичката трансформација, за некој да учествува во ТЛЗП треба да биде храбар. Не е секој глумец добар имитатор“, додава Јелена. Учеството во оваа емисија го прави посебно и дружењето со колегите. Актерката вели дека сите натпреварувачи добро се сложуваат, а најмногу време поминува со Катерина Богиќевиќ и Елена Ристеска, со кои ја дели „собата за одмор“. Елена е и нејзин фаворит за победа.
Љубовта како најголема поддршка
Имам момче во кое сум неверојатно заљубена и за кое ќе се омажам. Кога? Тоа ќе се случио спонтано и не е толку важно кога покрај себе имате некој кого сакате и со кого уживате да го поминувате времето“, вели актерката.
Мажите секогаш заземале посебно место во нејзиниот живот.
„Мојот живот секогаш зависел од мажите, дедо ми ме одгледа, а потоа татко ми и брат ми ми беа најголема потпора, а денес момчето ми е најголема поддршка“, порачува Јелена„ТЛЗП е она што и мислев дека е, една крвава работа. Публиката често не знае колку е тешка таа работа, но ниту во животот, ниту в



