Гледачите кои повнимателно ја следат оваа емисија, можеа да откријат многу работи за популарната пејачка врз основа на нејзиниот однос како член од жирито кон натпреварувачите.Има разбирање кон почетниците – Уште пред прикажувањето на оваа шоу програма, пејачката изјави: „На децата треба да им дадам ветер во грбот, а не да дебатирам. Свесна сум дека тие се исплашени што настапуваат пред нас и тоа е природно. И јас почнав така, па разбирам како им е. Ние сме тука да ги посоветуваме да поработат на својот глас, како да ги бираат песните, а не е ниту крај на животот ако не успеат добро да се снајдат.“
Знае да биде духовита кога сака – Кога Милан Калиниќ за една епизода си ја потемни косата, Цеца му порача: „Беше попаметен како русокоса!“
Воинствена е и праведна – На крајот на една епизода таа успеа да го поведе жирито да се побуни наместо еден, да пуштат тројца натпреварувачи да одат понатаму.
Не си го сака името толку многу – Во друга епизода, му порача на Милан: „Престани да ме викаш Светлана!“
Сака русокоси мажи и мажи со светли очи – Таа е многу понежна кон натпреварувачите кои изгледаат вака, а овој опис се поклопува со изгледот на поголемиот дел од мажите од нејзините јавни и тајни врски. „Јас сакам русокоси мажи“, му порачала на Калиниќ кога ѝ рекол дека поради неа се исфарбал.
Цени талент и сака да помогне – На еден натпреварувач вети дека ќе му помогне во кариерата ако не продолжи понатаму.
Знае да згреши при изборот на гардероба – На социјалните мрежи таа има добиено доста критики поради својот изглед.Има разбирање кон почетниците – Уште пред прикажувањето на оваа шоу програма, пејачката изјави: „На децата треба да им



