Оваа атрактивна пејачка која како со гласот така и со појавата не престанува да ги мами машките воздишки, конечно прифатила да настапува пред белградската публика. Јадранка Барјактаревиќ зборува за причините поради кои долго не сакала да настапува по белградските клубови како и за својот нов ангажман.„Долго не пеев по најдобрите и најпосетените клубови и сплавови. Бев доста барана и во еден момент решив да престанам поради неколку причини. Главната причина да се повлечам беше што не сакав да ме ставаат во ист кош со многу од моите новопечени колешки и оние девојки за кои песната им е врата до други занимавања од кои денес старлета е едно од најомилените.“
„Искрено, многу сакам некој да ми каже дефиниција за старлета. Познавам доста девојки кои ја имаат истата работа како и јас кои од разни причини настапуваат по клубови и кои немаат цена и толку многу ја понижија оваа професија што работат и на компензација и што и да се подразбира под тоа. Многу сум незадоволна од таквите ситуации и се чувствувам како некој да не припаѓа тука, иако сум естрадна личност.“
„Имам многу да кажам за многумина од естрадата но не би пуштила јазик зошто знам дека ништо не би можела да променам, освен што ќе станам само скандалозна и таблоидна личност а од тоа се гуша. Моето гледиште за оваа професија суштински се коси со гледиштето на многумина од моите колешки. Мојот образ нема цена. Сакам да останам достоинствена во секоја смисла,“- изјавила Јадранка.
„Ми се случи на еден настап во Белград ми пријде човек за кого мислев дека сака да ми нарача некоја песна. Меѓутоа тој ми пријде и ми шепна- „Кога ќе завршиш со пеењето, 10.000 евра добиваш за една ноќ со мене“. Бев во толкав шок што не бев во состојба ниту следната песна да ја отпеам. Свесна сум дека тоа е дел од естрадата но не сакам да бидам дел од оваа срамна сцена на која многумина од моите колешки само да заработат пари би прифатиле се. „Долго не пеев по најдобрите и најпосетените клубови и сплавови. Бев доста барана и во еден момент решив да престанам поради неколку причини.



