Семејството и пријателите на трагично настраданата пејачка Ксенија Пајчин синоќа се собрале на Новите гробишта за да го обележат нејзиниот 37 роденден. Со букет цвеќе прв пристигнал Горан Стојичевиќ- Карамела, а набргу дошол и нејзиниот татко Милош Пајчин.Неутешната мајка Љубица Костиќ се појавила по десеттина минути и понатаму облечена во црнина поради својата ќерка која на 15 март 2010 година во нејзиниот стан ја уби нејзиното момче Филип Каписода а потоа си го одзема животот.
Нејзиниот плач се слушнал уште пред да пристигне до гробот на нејзината ќерка.
Најпрвин ја бакнала сликата на Ксенија, оставила букет цвеќе на плочата, запалила свеќа а потоа се поздравила со присутните. Таа се пожалила дека не може да се избори со тагата и дека нејзината ќерка секој ден и недостига се повеќе.
Љубица ја тешеле стилистот Бане Девиќ и пејачот Даниел Алибабиќ кои цело време биле покрај неа.
Пејачот сеуште не може да се помири до фактот дека ја изгубил својата пријателка и колешка. Настапот на финалната вечер на „Гранд“ фестивалот и го посветил на Ксенија. „Знам дека тоа ќе и бие најубавиот подарок и каде и да е сигурно ми држи палци и праќа енергија“- изјавил Даниел за српски Курир.
Горан Стојичевиќ- Карамела после долго време се смирил со мајката на Ксенија, Љубица.
Тие пред неколку години престанале да разговараат од непознати причини па водителот и шоумен секоја година за роденденот на Ксенија доаѓал порано само за да избегне средба со неа.Неутешната мајка Љубица Костиќ се појавила по десеттина минути и понатаму облечена во црнина поради својата ќерка која на 15 март 2010 година во не



